Арганово масло против опаѓање на косата и лупење на скалпот

We love to write about our experience and our story
protiv-opagjanje-na-kosa-i-lupenje-na-skalp

Арганово масло против опаѓање на косата и лупење на скалпот

Кога ќе забележите дека се повеќе и повеќе ви опаѓа коса во мијалникот од бањата и на вашата четка за коса,вие прво ќе го негирате тоа. Не е можно да ви паѓа косата! Како што се зголемува опаѓањето на косата, време е да се соочите со вистината и да го возвратите ударот со чудотворно масло наречено арганово масло. Аргановото масло може да го спречи опаѓањето на косата, да го подобри здравјето на косата и скалпот и да го поттикне повторното растење на косата за мажи и жени. Едноставен третман кој се применува три пати неделно може да ви помогне помалку влакна да опаѓаат во мијалникот, а повеќе да има на вашата глава.

 

Лупење на скалпот

Пред да го нанесете маслото, скалпот треба да се излупат за да се деблокира секоја фоликула на косата и му овозможува на маслото да навлезе подлабоко и да си го стори своето. Користете производ за лупење со специјална формула за скалпот кој ќе ја отвори секоја фоликула на косата со отстранување на остатоци од стајлинг производи, загадувањето од животната средина и вишокот на себум (природни масла излачени од жлездите во скалпот).

Следете ги упатствата на производителот за лупење на скалпот, а потоа измијте ја со шампон и исушете ја косата со сува крпа како секогаш.

 

Примена на арганово масло

Ставете неколку капки од аргановото масло на прстите и масирајте го скалпот со кружни движења. Почнете на предната страна на косата и низ главата и по секоја страна и назад. Продолжете со масажата за 15 минути за да му овозможите на аргановото масло да навлезе во целиот скалп и да го стимулира протокот на крвта во скалпот и фоликулите на косата.

Повторете го овој третман три пати неделно за да го запрете понатамошното губење на косата и повторно растење на косата. Стилизирајте ја косата како што нормално ја правите по третман.

 

Третман на скалпот

Додека се уште не ви опаѓа косата, одредени видови на состојби со скалпот се предуслови за губење на косата и третманот со арганово масло може да ги лекува оние проблеми со скалпот, со што ќе се спречи губење на косата. Дерматитис, псоријаза, првут, сув скалп или себореа (претерано мрсна коса) сите овие може да предизвикаат јадеж, пецкање, ронлив скалп и на крајот ќе ги затвори фоликулите на косата и ќе придонесе за губење на косата.

Користете го аргановото масло за лекување на овие основни проблеми со скалпот и спречете го губењето на косата. Започнете со лупење на скалпот за да се отворат фоликулите на косата, измијте со шампон и исушете со сува крпа, а  потоа со масажа нанесете неколку капки од аргановото масло во скалпот 10 минути по 2-3 пати неделно. Продолжете со ова лекување се додека проблемот со скалпот не се реши, потоа со масажа нанесувајте по неколку капки од аргановото масло во скалпот еднаш неделно за да го одржите здравјето на косата и скалпот.

ЗА АВТОРОТ