Состојки

Состојки

100% ПРИРОДЕН СОСТАВ ЗА БЕСПРЕКОРНА УБАВИНА

Традиционално користено во Мароко, маслото од арган е познато по неговата уникатност и богатиот состав. Не очекувајте да најдете хемиски елемент во составот на течното злато, бидејќи аргановото масло е богато со масни киселини, антиоксиданти, витамин Е и  останати комплексни соединенија од природата.

Ова се главните состојки кои го прават Аргановото масло толку посебно:

sostojki-glavna

ВИТАМИН Е

Високото ниво на Витамин Е му помогна на арганот да добие меѓународна популарност како природен производ против стареењето. Аргановото масло е еден од најголемите природни извори на витамин Е, кој содржи 200% повеќе од маслиновото масло. Витаминот Е е добро познат како еликсир на младоста-природен антиоксиданс кој го успорува стареењето. Овој Витамин е корисен во заштита на телото од надворешните услови како изложување на сонце и загаден воздух кои може да ја оштетат вашата коса, кожа и нокти.

АНТИОКСИДАНСИ

Аргановото масло е богато со природни антиоксиданси. Антиоксидансите помагаат во заштитата на кожата од оштетување или лекување и регенерација. Антиоксидансната содржина во Аргановото масло го стимулира производството на колаген во кожата што ја прави да изгледа помладо, така што добива сјаен ефект. Ферулинската киселина содржана во Аргановото масло како високо квалитетен антиоксиданс особено помага во лекување на кожа оштетена од сонцето. Во многуте квалитети на ферулинската киселина спаѓаат: намалување на нивото на холестерол, редуцирање на ризикот од срцеви заболувања, заштита од канцерогени заболувања и симптоми на менопауза.

МАСНИ КИСЕЛИНИ

Во аргановото масло се содржат големи количини на есенцијални масни киселини, а најмногу олеинска и линолејска киселина (Омега 9). Масните киселини не може да се синтетизираат самостојно во човечкото тело, такашто мора да бидат консумирани низ диети или третмани на кожата. И двете киселини лесно се абсорбираат низ кожата и ја подобруваат влажноста и еластичноста. Масните киселини играат витална улогоа во формирањето на простагландин во телото, кој делува природно против воспаленија, израстоци и болки, истовремено стимулирајќи ја крвната циркулација.
СТЕРОЛИ

Растителните стероли пронајдени во аргановото масло се ретки и не се идентификувани во други масла. Овие стероли се познати по нивните антиканцерогени својства и го даваат мекиот ефект на кожата. Докажано е дека стеролите помагаат во спречувањето на појавата на брчки и ја подобруваат еластичноста на кожата што го одложува процесот на стареење. Имајќи во предвид дека хемиската структура на растителните и човечките стероли е слична, овие стероли влегуваат во хармонија со човечката кожа при самото нанесување на маслото.

 

ПРОТЕИНИ

Аргановото масло се состои од тешки високо молекуларни протеини. Со нанесување на арганово масло на кожата се зајакнуваат сврзувачките структури на протеинот во кожата и ја затегнува кожата, давајќи и свеж и помлад изглед.
ПОЛИФЕНОЛИ

Полифенолите ги неутрализираат слободните радикали и го подобруваат обновувањето на кожата. Познати се по нивните анти-септички, антиоксидантни, анти-воспалителни, анти-алергени својства што објаснува зошто тие често се наоѓаат во кремите против акни. Се зголемува соработката меѓу клетките. Полифенолите се способни да ги обноват штетите на ДНК предизвикани од пушење.
СКВАЛЕНИ

Заштитата од дерматитис и рак на кожата му се припишува на сквалените, уникатни и ретки состојки. Сквалените имаат разни анти-бактериски својства, помагајќи им на луѓе кои страдаат од егзема и псоријаза. Скваленот со неговата голема влажност ја штити кожата од дехидратација. Исто така, бргу се апсорбира без да ја направи кожата масна. Скваленот дејствува заедно во хармонија со човечката кожа. Интересен податок е дека нашиот хидратант за кожата, себум, се состои од 25% од сквален. Препорачливо е за возрасна кожа и кожа со розацеа.
КАРОТЕНИ

Каротените се растителни пигменти. Овој пигмент ги заштитува очите и кожата од УВ-радијација и оштетувања предизвикани од слободни радикали. Кожата која е третирана со каротеноиди е здрава, имунолошкиот систем се подобрува, а се спречува растот на канцерогените клетки. Се покажало дека го намалуваат ризикот од артритис и за заштита на артериите и срцето. Антиоксидантните својства на каротеноиди ја спречуваат оксидацијата на „лошиот холестерол“, кој допринесува за создавање на наслаги во артериите.