ЗА АРГАНОВОТО МАСЛО
ТЕЧНОТО ЗЛАТО ОД МАРОКО
ШТО Е АРГАНОВО МАСЛО?
Арганово масло е едно од ретките и најскапите масла на светот. Веќе со векови, аргановото масло ја заштитува кожата, косата и ноктите од суровите услови во кои живееле жените од племето Бербери од Мароко. Неговите тајни својства беа откриени во поново време во светот на убавината, каде што се сега многу добро познати за козметичките придобивки. Производот е најбаран од сите козметички компании во Европа. Аргановото масло е најпознато по своите квалитети против стареење. Докажано е дека ја намалува појавата на брчки, ја подобрува виталноста на кожата и има својства на лекување. Најчесто се употребува во производи против стареење, лосиони за тело, лузни и третмани на егзема. Сапуни, креми и шампони, аргановото масло служи како додаток за се во козметиката за убавина. Аргановото масло е добро за многу нешта и има големи придобивки за здравјето поради своите состојки. Аргановото масло содржи повеќе од 80% есенцијални незаситени масни киселини, вклучително Омега-9 (олеинска киселина) и Омега-6 (линоленска киселина), кои се важни за пресретнување на слободни радикали и помага во формирање на клетките. Аргановото масло е поотпорно на оксидација отколку маслиново масло. Проверете овде што го прави аргановото масло толку ефикасно. Во 1998 година, Мароканските арганови шуми беа ставени под заштита на резерватите на дирекцијата на УНЕСКО. Аргановото масло на локалното население му обезбедува стабилни приходи, создавајќи работни места кои на тој начин спречуваат рурална депопулација. Длабоките корени на арганови дрвја, дејствувајќи како резервоари, помагаат да се спречи опустинување. Аргановото масло беше продавано само во Мароко, како волшебно нешто и беше тешко да се најде надвор од регионот на производство. Од 2001-2002 стана популарен производ во Европа и Северна Европа. Ние можеме да ве снабдиме со најчистото масло од срцето на аргановата шума.
ПОТЕКЛО
100% природното арганово масло потекнува од топлите, пустински предели на егзотичното југозападно Мароко и е подготвувано на традиционален таинствен начин. Потполната чистота на приготвување на овој безвременски еликсир ви овозможува трајни резултати кога станува збор за здравјето и убавината на вашата коса и кожа.
Маслото на убавината потекнува од широко разгранетото дрво од видот Argania spinosa уште познато како Арган. Ова дрво расте илјадници години и токму поради неговиот спор раст е ендемски вид во пустинските пределина југозападно Мароко. Аргановата шума која покрива повеќе од 8,280 км2 е национално мароканско богатство и е заштитено од страна на UNESCO.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Традиционалната подготовка на 100% природното арганово масло е долготраен процес кој бара многу внимание и техника. Произведувано исклучиво од вештите раце на мароканските жени, аргановото масло се добива со екстрахирање на маслото од плодот на аргановото дрво.
Екстракцијата е долготраен процес од неколку чекори за кој е неопходно внимателно сушење на плодот, од кој понатаму, благодарение на рачна техника се отстранува аргановото масло. На овој начинсе добивало 35% од вкупниот капацитет на аргановата јатка.
ТРАДИЦИЈА СТАРА СО ВЕКОВИ
Оваа традиција на мароканските жени е позната со векови, од самиот почеток и појава на течното злато. Сепак, благодарение на машини за ладно пресување, од јатката на арганот се екстрахираат дури 60% чисто арганово масло. Првичната намена на течното злато наречено арганово масло е во доменот на убавината и здравје. Некои од највкусните марокански рецепти го користат аргановото масло како тајна, мистична состојка со богат вкус.
Употреба и совети за користење
РИЗНИЦА ОД ПРИДОБИВКИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ
За сјајна коса
Аргановото масло докажано ја прави косата помека, понежна и посјајна. Тоа е идеалниот балзам за косата, а тоа дури и може да помогне за суви краеви на косата. Користењето на аргановото масло како балзам за вашата коса е екстремно лесно, само неколку капки арганово масло за коса…
За здрава кожа
Антиоксидансите во аргановото масло обично се користи за лекување на иритирана, испукана, оштетена или дури и изгорена кожа. Најдобро е да се користи како превентива за сува или заболена кожа , но, исто така, може да се користи за да се забрза лекувањето…
За убаво лице
Не само што аргановото масло дејствува како ефикасен навлажнувач, исто така, му дава младешки сјај на лицето и ја намалува видливоста на брчките. Неговиот антиоксидирачки ефект го прави ова масло идеален производ против стареење. Ја враќа еластичноста и ја прави кожата…
За нега на тело
Аргановото масло најдоброто нешто што може да му го подарите на Вашето тело за неодолива хидратација и омекнување на кожата. Со своите високи количини на витамин Е и масни киселини, ова масло е идеален производ и дава природно зајакнување на кожата. Апсорбира многу лесно…